-->
-->
Доста е, Пепе го напушта Реал
-->
Португалскиот дефанзивец, Пепе, по една деценија го напушти Реал и реши кариерата да ја продолжи во ПСЖ, иако претходно се шпекулираше дека негова следна дестинација ќе биде Интер. Како што пишува „Марка“, Пепе потпишал двегодишен договор вреден осум милиони евра.
Пепе најавуваше дека ќе замина од Мадрид, откако преговорите со клубот не завршија онака какошто очекувал. Имено, Португалецот барал, нов двегодишен договор, но Реал бил подготвен да му понуди само едногодишна соработка.
Договорот со ПСЖ бил склопен веднаш по завршувањето на финалето во Лигата на шампионите во Кардиф, каде Реал 12-ти пат стана европски првак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина