Досега вакцинирани 37,189 лица на возраст до 14 години со МРП вакцина
Oд почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) заклучно до 06.09.2019 година на територија на Република Северна Македонија вакцинирани се 37,189 лица на возраст до 14 години со МРП вакцина, информира Министерството за здравство.
Од нив, 16.935 деца се вакцинирани во Скопје, додека пак во останатиот дел од државата вакцинирани се 20.254 деца. Во изминатата недела, во Скопје вакцинирани се вкупно 28 деца, а во останатиот дел од РСМ вакцинирани се вкупно 691 дете (предучилишна и училишна возраст).
Во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.237 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.
Од декември 2018 година, регистрирани се 1,898 случаи на мали сипаници во Република Северна Македонија.
Остануваат на сила препорачаните мерки и активности, кои ги преземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите осетливи лица.
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа кај патот Гостивар-Тетово, едно лице загинато и пет повредени
-
Дарио Ивановски победник на полумаратонот на годинашното издание „Охрид трчаТ“
-
Голема количина отпад изваден од дното на Охридското Езеро кај Радожда
-
Кина го обвинува американскиот министер за одбрана за „провокативни“ изјави во Сингапур
-
Железничката станица во Нови Сад ќе биде урната, реконструирана или делумно користена
-
Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа во Кавадарци
-
УХМР: Следува период на сончево и топло време, дневната температура во сабота до 37 степени
-
Двајца мртви во Франција за време на прославата на победата на ПСЖ во Лигата на шампиони