Дополнителни два денари поддршка за лозарите
– Дополнителни два денара поддршка ќе добијат лозарите за предадено грозје во регистрирани капацитети, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Ова е договорено, како што рече, на денешната средба со лозарите и претставниците на винарските визби на која присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски.
-Оваа одлука значи дека на историски највисоките откупни цени што се постигнаа, се додаваат плус два денара за секој килограм откупено грозје. Оттука, цената на „смедеревката“ ќе биде 15 денари, а на „вранецот“ 17 денари. Ако на ова се додадат субвенциите од 40 000 денари за одржување на лозовите насади, постигнатата цена на грозјето е 18 за „смедеревка“ и 20 денари за „вранец“, истакна Николовски.
Покрај оваа поддршка, дополни министерот, е воведена и нова мерка за зелена нафта 4 300 денари за хектар. Ова е рекорд и сериозна поддршка на секторот.
Лозарите и винарите искажаа благодарност до Владата за постигнатото решение и договорената поддршка.
-Ова што се случи денеска во Владата е само завршница на она што го догораваме долго време за да ги постигнеме најдобрите решнија. Оваа година е тешка и за лозарите и за винарите, потрошувачката на вино опаѓа, растат цените на репроматеријалите и се создава дисбаланс. Сепак, искажувам голема благодарност што се најде компромис меѓу лозарите и винарите од една страна и МЗШВ од друга. Залихите се големи и тешка ќе биде борбата за пласман на европските и светскиот пазар. Но, ваква состојба имаше и во 2009 година, па очекуваме дека ќе се избориме за поголемо производство, палсман и повиски цени, рече претставникот на винарите, Ристе Љуботенски.
Според лозарот Трајче Кулев, производителите очекувале поголема поддршка, но сепак, задоволни се и со овие два денара.
-Не е ова очекуваната цена за „вранецот“ и „смедеревката“, но задоволни сме зашто се најде решние за помош на лозарите со дополнителните два денара. Со тоа ќе ја ублажиме нашата мака. Со 15 денари за „смедервка“ и 17 за „вранец“ ќе се ублажи ударот. За дополнителните два денара поддршка се издвојуваат четири милиони евра од Буџетот што не е мала сума, рече Кулев.
Ново на Сител
-
Шестата по ред Парада на гордоста ќе се одржи на 21 јуни: Ќе (оп)стоиме заедно
-
Со голема парада Трамп ја славеше американската армија и својот роденден
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ