Дополнителни автобуси на линиите 28 и 69 за празниците Св. Петка и Св. Пантелејмон
Заради верските празници Св.Петка и Св.Пантелејмон, Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ на 8 и 9 август покрај редовните ќе пушти во сообраќај дополнителен број автобуси на линиите 28 (Тафталиџе 2- Нерези/Македонско село) и 69 (Транспортен центар-Дивље), согласно со термините од важечкиот летен возен ред.
В четврток на линијата 28, дополнителен автобус од Тафталиџе 2 ќе сообраќа во терминот од 16 часот, а од Македонско село во 19.30 часот. Наредниот ден, петок 9 август, дополнителен автобус на линија 28, од Тафталиџе 2 ќе има во 7.50 часот, а од Македонско село во 12.30 часот.
На линија 69, в четврток дополнителен термин од Транспортен центар ќе има во 5.45 часот и во 15.30 часот, а од Дивље во 6.50 часот и во 20 часот.
Како што соопшти ЈСП, вонредните дополнителни поаѓања се воведени на барање на црковниот одбор на „Св.Петка“ и на манастирот „Св.вмч.Пантелејмон“.
Ново на Сител
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден