Балкан
28. March 2016 - 21:11

Дополнителни 20 милиони долари помош од САД за Грција, Турција и балкански држави за справување со бегалскиот бран

САД денеска обезбедија 20 милиони долари дополнителна помош за Грција, Турција и балкански држави за да се справат со бранот бегалци од Сирија, Ирак и други држави, јави ДПА.

Од тие финансиски средства, 17,5 милиони долари се за УНХЦР, два милиона долари за МКЦК и црвената полумесечина во Грција и 500.000 долари за Фондот на ОН за население, сооопшти Стејт департментот.

Средствата за УНХЦР се за формирање приемни центри, заштитен мониторинг, регистрација и идентификација, консултантски услуги и друго. Средствата за Црвениот крст се назначени за купување храна, психосоцијална поддршка, вода и друго. Со тие средства, вкупната помош на САД – од лани, за помош на бегалците во Европа е 44 милиони долари.