Свет
1. јуни 2022 - 14:04

Доњецките власти нема да ги разменуваат заробените странски платеници

Странските платеници кои учествуваа во војната во Донбас на украинска страна нема да бидат разменувани, изјави денеска Елена Шишкина, претседателката на Комитетот за кривично и административно законодавство на Народниот совет на самопрогласената Доњецка Народна Република.

„Британците Шон Пинер и Ендру Хил, како и мароканскиот Саудиец Брахим не се предмет на размена“, изјави меѓу другото таа.

Генералното обвинителство на ДНР по завршувањето на кривичната истрага против група платеници од Велика Британија и од Мароко најави дека странските војници би можеле да соочат со смртна казна.

Британците Шон Пинер и Ејден Аслин им се предадоа на руските трупи во Мариупол во средината на април.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека „платениците кои пристигнале во Украина не се борци и дека најдоброто нешто што ги очекува е долготраен затвор“.

Тој истакна дека според меѓународното хуманитарно право странските платеници немаат статус на регуларни војници.