Донирани 1.600 јакни за деца со посебни потреби и деца без родители
Донирани 1.600 зимски јакни на шест институции, училишта и интернати за деца со посебни потреби, како и на деца без родители и родителска грижа.
Опремата е донирана во рамки на кампањата „Да ги стоплиме детските срца“ на компанијата „Орка Холдинг“ во соработка со компанијата за производство на текстил „Монт“.
Извршниот директор на „Орка Холдинг“ Јордан Камчев рече дека секоја инвестиција во децата е инвестиција за иднината и дека како компанија се подготвени да излезат во пресрет и да помогнат на маргинализираните групи.
Донацијата јакни и комплети книги „Собрани дела“ од македонскиот автор за деца Васил Куноски, како што информираат организаторите, компаниите ги донирале во детските институции во Скопје, Битола, Прилеп, Гевгелија, Штип, Старо Негоричане, како и во Поградец, Република Албанија.
Ново на Сител
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите