Донесен законот со кој се укинува радиодифузната такса
- Собранието на Република Македонија денеска го донесе законот со кој се укинува плаќањето на радиодифузната такса.
Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беа донесени по скратена постапка.
Со законот се предвидува приходот, што досега го добиваше МРТ преку собирање на оваа давачка, да се финансира од државниот Буџет и тоа во износ од 0,5 проценти од вредноста на Буџетот на годишно ниво. За таа цел потребно е да се одвојат 885 милиони денари на годишно ниво од Буџетот на Република Македонија за 2018 година. Покрај од Буџетот, МРТ ќе се финансира и од други средства, односно од приходи на кабелските оператори и од приходи остварени со продажбата на програма произведена во МРТ.
Пратеникот Томислав Тунтев, кој е еден од предлагачите на законот, истакна дека со ваквото законско решение ќе се ослободат граѓаните од една непотребна давачка, а од друга страна ќе се зголеми ефикасноста во работата на МРТВ.
- Не секогаш беа собирани сите средства. Сведоци бевме на финансиска дупка од пред две години на МРТВ. Ова е начинот кој ние го предлагаме за да ги ослободимје граѓаните од една неприродна давачка и да се зголеми ефикасноста во работата и функционирањето на јавниот радиодифузен сервис, рече Тунтев.
Радиодифузната такса беше воведена во 2005 година.
Ново на Сител
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени