-->
-->
Дончиќ стана првиот играч во историјата на НБА со 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар
-->
Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ, постави рекорд во НБА. Словенецот ноќеска на натпреварот против Њујорк стана првиот играч во историјата на лигата со 60 поени, 21 скок и 10 асистенции на еден натпревар.
Пред него, никој во лигата не успеа да постигне 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар.
Дваесет и тригодишниот Дончиќ во сезоната 2022/23 има просек од 32,8 поени, 8,3 скока и 8,7 асистенции по натпревар.
Кошаркарот е еден од главните претенденти за наградата играч на сезоната во НБА.
Далас го доби натпреварот со 126:121 по продолжение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Англија и Данска одиграа нерешено
-
Шпанија ја совлада Италија и обезбеди осминафинале
-
Спасен холандски турист со скршена нога кај Елшани
-
Даку: Ако навредив некого по мечот со Хрватска, барам прошка
-
Еруптираше вулканот на Камчатка
-
Белгиските власти открија измама со средства за социјална помош пренасочени кон Бугарија
-
Почина прим. д-р Илија Антоновски
-
Маж каснат од змија во Идризово