Loading Video...
Кошарка
30. November 2022 - 11:09

Дончиќ со трипл-дабл го предводеше Далас до победа над Голден Стејт

Во НБА лигата каде ноќеска беа одиграни 3 натпревари.
 
Лука Дончиќ со нов трипл-дабл го предводеше Далас до нова победа и тоа во дуелот против шампионот Голден Стејт.  Словенецот имаше учинок до 44 поени на кои придодаде по 12 сокови и асистенции, а Далас победи со 116-113. Тим Хардевеј Џуниор помогна со 22 поени, додека на спротивната страна единствен расположен беше Стеф Кари кој заврши со 32 поени. Далас сега има скор од 10 победи и порази, а веднаш зад него е Голден Стеј со 11 победи и исто толку порази.
 
Во отсуство на Демјан Лилард кој е повреден, екипата на Портланд го претрпе и четвртиот пораз на последните пет натпревари. Овој пат пред својата публика Портланд загуби од ЛА Клиперс со 118-112 за вкупно 11-ти пораз сезонава. 
 
Во последниот натпревар и Њу Јорк забележа победа на гостински терен и тоа убедлив над последно пласираниот тим на табелата Детроит со 140-110. За „Пистонси“ тоа беше вкупно 18-тиот пораз сезонава.