Доналд Трамп побара забрана за влез на муслимани во САД
Муслиманите од Пакистан и Индонезија го осудија повикот на Доналд Трамп да им се забрани на луѓето од исламска вероисповед влез во САД, нарекувајќи го кандидатот на републиканците за претседател „расист кој промовира насилство“.
Изјавата на Трамп за спречување влез на муслиманите во САД предизвика огромни критики и во САД. Тој побара „целосна и комплетна“ забрана за влез на муслиманите во Америка по неодамнешниот терористички напад во Калифорнија, во кој загинаа 14 лица, а беше извршен од брачна двојка радикални исламисти.
Според Трамп, истражувањата покажуваат омраза на муслиманите кон Американците, што може да ја доведе нацијата во опасност, а забраната треба да остане во сила се додека „официјалните претставници на земјата не утврдат за што станува збор“.
Белата куќа веднаш реагирала на ваквата изјава, оценувајќи ја како „антиамериканска“ и објасни дека таа е спротивна на сите американски вредности и интереси за национална безбедност.
Ново на Сител
-
ЕУ: Не сме добиле официјално известување за нови американски царини
-
Минатата недела санкционирани 155 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
-
Трофејот во Клуж-Напока го освои Потапова
-
Адана Демирспор го напушти теренот поради пенал досуден за Галатасарај
-
Македонските кошаркарки со пораз од Украина ги завршија квалификациите за Евробаскет 2025
-
Дончиќ ќе дебитира за Лејкерси против Јута
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук реклами
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка