Донацијата од 100.000 вакцини „Синофарм“ пристигна во поликлиниката „Јане Сандански“
Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска пристигна донација од уште 100.000 вакцини од „Синофарм“ од Народна Република Кина. На приемот на донацијата присуствуваа министрите за здравство и за одбрана, Венко Филипче и Радмила Шекеринска, како и кинескиот амбасадор Џанг Ѕу.
Според Филипче и Шекеринска, ова е вистинска помош во вистинско време.
-Ова е значајна количина вакцини која за бројот на население како нашето значително може да ја смени епидемиолошката слика. Со донацијата се потврдува партнерството меѓу двете земји. Се надевам дека соработката ќе продолжи, истакна министерот за здравство.
Тој нагласи дека имунизацијата во земјава ќе продолжи по приоритет, согласно возраста на граѓаните. – Вакцинацијата е единственото оружје, повтори Филипче.
Министерката Шекеринска рече дека помошта доаѓа во вистинско време. – Ова е вистинска помош во вистинско време и ќе ни даде шанса да продолжине со вакцинацијата на припадниците на Армијата, но вакцини ќе бидат отстапени и за јавното здравство, како и за граѓаните, напомена Шекеринска.
Кинескиот амбасадор Џанг Ѕу рече дека ова е уште една конкретна акција за помош на македонските граѓани и демонстрирање на духот на протјателство.
Кина, како што додаде амбасадорот Ѕу, е подготвена да го поддржи македонскиот народ во ова време на пандемија.
Испораката на донацијата е договорена на средбата на Шекеринска со кинескиот министер за одбрана, генералот Веи Фенгхе при неговата посета на државава.
На крајот на минатиот месец во Македонија пристигнаа 200.000 вакцини „Синофарм“ што Владата ги набави од производителот, а најавени се и 500.000 вакцини „Синовак“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче веќе лобирал кај Европските сестрински партии да го поддржат извештајот за Македонија
-
Трошановски: Извештајот во ЕП е добра можност евроинтеграциите да се заштитат од бугарските барања
-
Граѓански иницијативи бараат итни законски измени за незавнисните кандидати на локалните избори
-
Кичевчани се жалат на неподнослива смрдеа од запалениот смет
-
Сообраќајни експерти предупредуваат - Експресниот пат Штип-Кочани не е безбеден
-
Преглед на вестите од светот
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?