Loading Video...
Свет
21. јуни 2022 - 16:30

Донација за украинските деца - Нобеловиот медал на Муратов откупен за рекордна сума

Рускиот новинар и добитник на Нобеловата награда за мир Дмитри Муратов го продаде својот Нобелов медал на аукција за  рекордни 103, 5 милиони американски долаци.

Сумата ќе бдие наменета за хуманитарниот одговор на УНИЦЕФ за украинските деца раселени од војната. Аукциската куќа Херитиџ која ја водеше продажбата не откри кој бил победникот. Муратов е главен уредник на еден од водечките руски независни весници Новаја газета.

Весникот престана да излегува на почетокот на март откако властите повеќе пати го опоменаа заради начинот на кој известуваше за руската инвазија на Украина.