Македонија
1. March 2021 - 16:49

Донација од САД за Армијата

Македонските војници добиваат автоматски пушки М-4. Произведена во САД – станува збор за лесно автоматско оружје кое може да биде опремено со многу додатоци, а главно го користи американската пешадија.

Донацијата од САД ја предаде амбасадорката во Македонија.

-1.269 М-4 пушки вредни 1,2 милиони американски долари ќе бидат наменети за лесната пешадија. Ова е уште еден пример за тоа како работиме заедно и да се осигураме дека нашите сили кога се борат рамо до рамо, кога тренираат заедно се интерпорабилни. Овие пушки ќе придонесат во интероперабилноста, не само со САД, туку и со други НАТО сили, рече амбасадорката Брнз.

Иако членка на НАТО македонската армија се уште користи главно оружје од руско потекло. Повеќе од 10 години ќе трае транзицијата на вооружување од Западните сили. До крајот на следната година треба да се набават ново оружје и дополнителни придружби и заштитни елементи за војниците. Шекеринска појаснува дека во заедничките операции со НАТО сојузниците клучно е војниците да имаат слична опрема.

- Да базираат на иста платформа, да користат иста муниција, да можат да ги разменат одредените делови, да можат меѓусебно да си помогнат на наједноставен начин. Ова трае веќе подолг период и ние оваа транзиција ја имаме планирано за повеќе од 10 години. Ова беше само прилика да покажеме дека два состави ние веќе целосно ги заокружуваме со американска опрема и со НАТО калибар, вели Шекеринска.

 До крајот на годината или на почетокот на следната треба да пристигне првата пратка од вкупно 151 лесно оклопно возило наменето за лесната пешадија.