Донација на Прилепска Пиварница на општата болница ЈЗУ „Борка Талески“ и на Брзата помош во Прилеп
Прилеп, 29 октомври 2020, Прилепска Пиварница продолжува со мерките и активностите како одговор на бројот на заболени и ситуацијата со пандемијата на ковид-19, обезбедувајќи донација на средства во износ од 1.200.000 денари наменети за општата болница ЈЗУ „Борка Талески“ и за Брзата помош во Прилеп.
Дел од средствата ќе бидат наменети како директна парична поддршка на медицинскиот и на другиот персонал од инфективното одделение на болницата како и на вработените во Брзата помош, чија вкупна бројка изнесува 83 лица.
Останатиот дел од донацијата ќе биде наменет за воспоставување на системот за поврзување на кислородната станица со инфективното одделение на болницата и на тој начин пациентите болни од ковид-19 брзо и непречено ќе ја добијат својата медицинска помош.
„Како општествено-одговорна компанија, сметаме дека е неопходно да дадеме поддршка кон целокупниот медицински персонал што секојдневно се бори со ковид-19 пандемијата, како и овозможување неопходна нега на пациентите со ковид-19.
Исто така, многу е важно да покажеме високо ниво на индивидуална одговорност за да се справиме што поуспешно со кризата што нè засега сите, на локално, национално и на глобално ниво. Продолжуваме да помагаме, секогаш тука за заедницата во која работиме и создаваме.“ – изјави Самарџиоски Сашко, генерален директор на Прилепска Пиварница.
Да ги почитуваме мерките издадени од надлежните институции и да се грижиме за сопственото здравје и за здравјето на другите.
Ново на Сител
-
Почина малолетник во сообраќајна несреќа на патот Куманово - Крива Паланка
-
Влада: Приоритет е подобрувањето на здравствениот систем, здравствената заштита, услугите за пациентите
-
Раководството на Реал Мадрид незадоволно од настапите на тимот
-
Вавринка со историско достигнување
-
В недела локални избори во Босна и Херцеговина
-
ПСЖ ќе се обиде да го привлече Салах со тригодишен договор
-
Мицкоски, Агелер и Мисајловски на методско-показна вежба на „Криволак“
-
ИЈЗ: Расте бројот на новозаболени и на смртни случаи од рак на дојка, лани починале 346 жени