Домот на Курт Кобејн и Кортни Лав во Холивуд, чини речиси милион долари
Куќата во која во 1990-тите живееле Курт Кобејн и Кортни Лав, се продава за 998.000 долари. Двокатното здание се наоѓа во Холивуд и не е реновирано откако ја користел овој славен пар, пишува „Пипл“.
Зградата е изградена 1921 година и содржи три бањи и три големи спални соби. Поради големите прозорци секогаш има доволно светлина во куќата. Во соседството пак, има бројни други познати личности, како Дејвид Коперфилд, Тим Бартон и Тимоти Хатон. Кобејн и Лав се преселија во куќата во 1992. и тука се роди нивната ќерка Френсис Бин. Судејќи според документарецот „Тежок удар“ („Hit So Hard“, 2011), Кобејн во оваа куќа го напишал најголемиот дел од албумот „In Utero“.
Семејството се преселило во Сиетл на почетокот од 1994 година, каде што пејачот на „Нирвана“ изврши самоубиство на 27-годишна возраст. Треба да се истакне дека на куќата во Лос Анџелес ѝ треба реновирање „од корен“.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто