-->
-->
Доминиканска Република прогласи вонредна состојба
-->
Доминиканска Република прогласи вонредна состојба поради „загрижувачкиот пораст“ на бројот на заразени лица со коронавирус.
Претседателот на оваа карипска држава, Данило Медина прогласи вонредна состојба во следните 45 дена, без да прецизира какви рестриктивни мерки ќе бидат воведени во тој период.
Медина ја издаде претседателската уредба со цел да се избегне оптоварување на државниот и приватниот здравствен систем.
Цивилната одбрана на Доминиканската Република во неделата соопшти дека плажите низ земјата ќе бидат затворени, со цел да се овозможи одржување дистанца.
Во Доминиканска Република досега се потврдени 53.956 случаи на коронавирус, од кои 1.101 во последните 24 часа. Вкупно во земјата се починати 993 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ