Loading Video...
Тенис
31. January 2020 - 14:10

Доминик Тием е вториот финалист на Австралија Опен

Доминик Тием е вториот финалист на Австралија Опен.  Австрискиот тенисер Доминик Тием е вториот финалист во машка конкуренција на првиот овогодишен Гренд слем тениски турнир Австралија Опен. 
 
26-годишниот Тием во пулуфиналниот меч, кој траеше 3 часа и 34 минути со 3:1 го победи Александер Зверев. Иако Германецот го доби првиот сет со 6-3, сепак следните три му припаднаа на Австриецот и тоа во вториот возврати со 6-4, а во третиот и четвртиот сет Тием го доби тај-брејкот. 
 
Со тоа Австриецот се избори за своето трето финале на Гренд слем турнирите, на кои во 2019-тата и 2018-година, двапати загуби на Роланд Гарос од Рафаел Надал. 
 
Овојпат Тием во финалето закажано за в недела (9:30 часот) за противник ќе го има бранителот на трофејот и седум кратен победник во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ.
 
Утре од 9 часот и 30 минути на програмата е енското финале во кое за трофејот ќе се борат Американката Софија Кенин и шпанската тенисерка Габрине Мугуруза