-->
-->
Доминација на Кенијците на „Скопје Виз Ер 2016“
-->
Доминација на кениските атлетичари на годинашново издание на Скопскиот Виз Ер маратон на кој настапија рекордни повеќе од 7000 натпреварувачи од 45 земји.
На патеката низ улиците на Скопје 42.195 метри, Кипротич истрча за 2:13:22,3 часа, а зад него се пласираа уште четворица негови сонародници: Ричард Кипроно Бет, Едвин Кипруто Кирва, Силас Кипрон То и Виклиф Кипкорир Бивот. Сите тие беа на растојание од околу шест минути.
Од македонските натпреварувачи, најдобар беше Александар Кираџиев кој го освои седмото место со време од 2:45:54,5, а веднаш зад него пристигнаа Ристе Лазаров и Муџаид Мислимовски.
Во женска конкуренција, Бивот ја истрча патеката за време од 2:40:53,7, околу 5,5 минути побрзо од второпласираната Шеваје Гемечу Дебелу од Етиопија. И тука, најбрзата Македонка беше седмопласираната Весна Кираџиева која заврши за 3:22:38,8 часа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одложено повтореното судење за модуларната болница
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Бремен
-
Алкараз избори учество на Завршниот АТП турнир
-
Варан одлучи да се пензионира
-
Бесија Иљази обвинета за злоупотреба на службена положба
-
Трамп: Соочен сум со големи закани од Иран
-
„Борис“ ги донесе најголемите досега регистрирани врнежи во ЕУ
-
Пукано кон канцелариите на Камала Харис во Аризона