Домбровскис: Шојбле е во право, треба да се воведат нови даноци на горивото
Потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис ја поддржа идејата на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле за воведување нови даноци на горивото.
Тие пари, како што се предлага треба да бидат искористени за прифаќање на бегалците.
- Данокот на горивото, на национално и европско ниво, може да биде извор за финансирање, особено ако се земе предвид дека цената на нафтата е најниска досега, рече Домбровскис.
Тој додаде дека се согласува со Шојбле и дека на Европа и се потребни нови идеи, за да се соочи со бегалската криза.
Предлогот на Шојбле, кој тој го изнесе пред две недели, прво предизвика остри критики на германската јавност, вклучувајќи ги и функционерите од неговата конзервативна партија ЦДУ, но полемиката постепено стивна.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци