ДОМ: Илинден е темелот на македонската држава
ДОМ им го честита Илинден на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци во светот. На овој ден ги славиме двата историски Илиндена, 114 години од Крушевскиот и првата република на Балканот, но и 73 години од АСНОМ-скиот, со кој Македонија се здоби со државност, се наведува во честитката од ДОМ.
- Илинден е темелот на македонската држава и не обврзува сите како граѓани со должна почит да го одбележиме. Да ги оставиме настрана политичките разногласија и дебати и да се обединиме околу заедничките желби за напредок и успешност на нашата земја. Да останеме отворени кон сите пријатели што подаваат рака и да покажеме, како многу пати досега, дека Република Македонија е дел од Европа и заслужува да биде и формално дел од европското политичко семејство. Нека ни е честит Илинден!, истакнуваат од ДОМ.
Ново на Сител
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година