-->
-->
Долниот дом на францускиот Парламент одобри нов закон за азил
-->
Долниот дом на францускиот Парламент синоќа со големо мнозинство одобри контроверзен закон кој ги заострува правилата за азил.
За законот гласаа 228 пратеници, 139 беа против, 24 воздржани, а расправата за законот треба да продолжи во јуни во Горниот дом, односно Сенатот.
Според законот, времето кое илегалните мигранти можат да се држат во притвор се зголемува на рок до 90 дена, се намалува рокот за поднесување барање за азил, а илегалното преминување граница се казнува со едногодишна казна затвор или со парична казна.
Законот на малолетниците им ја олеснува процедурата за добивање азил и има за цел да го преполови времето кое на властите им е потребно за да обработат барање за азил
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати