Долгата транзиција на власт во Црна Гора ја забави имунизацијата
Долгата транзиција на власта по парламентарните избори во август придонесе за доцнењето на вакцините во Црна Гора, изјави претседателката на Сојузот на лекари Милена Поповиќ Самарџиќ.
Говорејќи како гостин во утринската програма на Црногорската телевизија, таа нагласи дека првата вакцина се очекува да пристигне од Кина, но, според нејзините информации, таа ќе биде од Русија и ќе пристигне кон крајот на февруари или почетокот март.
– Уште во септември, Сојузот на лекари предупреди дека Црна Гора не може да се потпре само на механизмот Ковакс. Знаеме дека сме мала земја и дека многу често имаме проблеми во снабдувањето со лекови. Како мал пазар, ние не сме многу привлечни за фармацевтските компании и тоа требаше да се предвиди во летниот период, да се обединиме со земјите од регионот за да склучиме договор, да контактираме повеќе со земјите на ЕУ за да го надминеме тој проблем во таа соработка или обединување на пазарот, рече Поповиќ Самараџиќ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација