Балкан
4. September 2021 - 21:22

Долга ноќ во Црна Гора пред утрешната хиротонија на српска владика, која предизвика судири со полицијата

Судир на граѓаните со полицијата во Цетиње поради утрешното устоличување на митрополитот црногорско приморски на СПЦ Јоаникије. Протестот излезе од контрола, револтираните граѓани го нападнаа полицискиот кордон. Црковниот чин кој треба да се случи утре предизвика голема бура меѓу населението во Црна Гора. Противниците на СПЦ т.н Комити“’ организирано пристигнале во Цетиње за да го спречат хиротонија на српскиот митрополит кој јавно говореше дека црногорците не се посебен народ.

Ова е резултат на големата поделеност помеѓу народот која трае повеќе  години поради припадноста кон српската и црнагорската црква велат познавачите. Професор Спасеновски смета дека ова е поттикнато од истите оние кои ја пормениле лани политичката власт во Црна Гора .

Оваа конфронтација нема сила да се излее надвор од Црна Гора според Спасеновски ниту пак да влијаа во други земји од регионот ниту политички ниту црковно бидејќи таму ситуацијата е многу специфична.

Српските власти ситуацијата ја оценија како неповолна од безбедносен аспек уште пред да се случат овие нереди. И додека во Цетиње се случуваат овие демонстрации, во Подгорица денеска пред храмот Христово Воскресение се организираше пречек на патријархот на СПЦ Порфирије и литии од повеќе градови.