Доларот на највисоко ниво во изминатите три недели по пораки од Фед
На светските валутни пазари вредноста на доларот спрема кошничката валути достигна денеска највисоко ниво во изминатите три недели по пораките од Фед дека инфлацијата во САД може да зајакне што на централната банка би и дало простор за понатамошно зголемување на каматите.
Доларовиот индекс што покажува вредност на американската валута во однос на шесте најважни светски валути, достигна денеска 97,62 бода, што е највисоко ниво од крајот на мај.
Притоа, курсот на доларот спрема јенот е зголемен за 0,1 отсто на 111,70 јени, а во еден момент беше 111,90 јени што е највисоко ниво од 26 мај. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се намали на 1,1150 долари додека вчера беше 1,1185 долари.
Растот на вредноста на доларот е благодарение на вчерашните коментари на Вилијам Дадли претседател на оддел на Фед во Њујорк кој рече дека инфлацијата во САД е малку успорена, но дека очекува нејзин раст.
– Ситуацијата на пазарот на трудот и понатаму се подобрува, што ќе поттикен раст на платите, а тоа треба да влијае на јакнење на инфлациските притисоци, нагласи Дадли.
Минатата недела Фед ги зголеми каматните стапки за 0,25 отстотни бодови во распон од 1,0 до 1,25 отсто, вторпат во оваа година.
Ново на Сител
-
Во Србија продолжуваат протестите и блокадите на студентите
-
Приведен малолетник во Центар заради поседување марихуана
-
49-годишен германец уапсен на „Табановце“, во возилото имал, дрога, ножеви и солзавци
-
ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на отворено
-
Ретеги постигна четири гола на натпреварот против Верона и е лидер помеѓу стрелците во Серија А
-
Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп
-
Минусни температури во целата држава
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Аеродром