Докторот направи царски рез: Бебето му приреди момент за паметење
Ренди и Алиша Аткинс го споделија моментот - и сликата - која повеќето родители никогаш нема да можат да ја доживеат.
Додека Алиша била на породување со царски рез, нејзинот сопруг го снимил неверојатниот момент како неговата ќерка го држи докторот за прст. Оваа фотографија потоа го обиколи светот.
-Докторот ме повика и ми рече: „Леле, таа ме држи за прст“. Брзо пријдов да видам за што станува збор и направив слика. Останав во шок, беше тоа неверојатен момент, вели Ренди.
Аткинсови својата ќерка ја крстија Невеја што е обратно од Heaven (рај). Персоналот во болницата рече дека сликата има нешто духовно во себе, како бебто го држи докторот за прст, а се уште не се родило.
"Овој настан беше топ тема за докторот во наредните неколку недели, рече Алиша за својот доктор кој има и маслена слика од овој момент.
Семејството добило и низа понуди да ја откупат разни здруженија и компании.
Ново на Сител
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер
-
Голем руски ракетен напад врз Украина
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и ветровито, локално пороен дожд и грмежи кон крајот на денот
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница