Бизарно но вистинито
15. January 2016 - 16:57

Докторите немаат никакво објаснување: Во телото на 7-месечно бебе пронајдено...

Докторите засега немаат никакво објаснување, а во истрагата се вклучила и полицијата, па дури и владата. Постојат одредени сомневања но тие допрва треба да бидат потврдени.
 
7-месечно девојче било донесено во болница од нејзината мајка во Перу поради отечени делови на телото на бебето.
 
Кога ја прегледале докторите, односно кога направиле рентгенска снимка на долните екстремитети и градниот кош - имале што да видат. Во телото на девојчето се пронајдено 6 игли за шиење.
 
Неверојатна е изјавата на мајката која рекла дека не приметила никакви болки и чудно реагирање на бебето, својата ќерка ја донела во болница поради тоа што последниот ден цело време плачела а забележала и отечени делови на телото.
 
Докторите не се изјасниле како иглите се нашле во телото на бебето, а директорот на болницата Цесар Линарес рекол на новинарите дека случајот е невообичаено сложен. Особено чудно е тоа што иглите не направиле никакво оштетување на виталните органи.
 
Полицијата го испитува случајот поради соомневање на злоставување на детето, не веруваат дека иглите во телото се нашле случајно. 
 
Со помош на хируршка интервенцијаа иглите се сигурно извадени од телото на бебето, а тоа моментално заздравува.