Доктор од Кина ја изгуби битката со коронавирусот во болницата во Земун
Додека традиционалната медицина ги лечи болестите, кинеската медицина ги лечи луѓето. Ова го зборувал докторот Чен Бијао. За жал нему ни кинеската ни традиционалната медицина не му помогнале. После три недели борба, ја изгубил битката со коронавирусот.
Докторот Бијао бил газда на една од двете кинески ординации во Белград. Тој дошол од Шангај после бомбардирањето на кинеската амбасада во текот на НАТО агресијата, со чувство дека треба да помогне.
- Овде немаше доктори од Кина. Разочарани од класична медицина, многу доаѓаа кај мене. Некои пациенти успеав да ги излечам, раскажал докторот Чен своевремено за „Новости“.
Докторот со топол поглед и широка насмевка лечел со акупунктура и акупресура. Благодарение на знаењето и долгогодишно искуство, без грешки ги наоѓал здравствените проблеми на пациентите. Во неговата ординација доаѓале луѓе од цела Србија, но и од Црна Гора, Хрватска, Америка, Канада, им помогнал на многумина.
- Докторот Чен е здрав ко дрен, како што викате вие Србите. И моите Кинези ме фалат, но мене реклама не ми треба. Многу од моите кинези дојдоа да работат во Србија, но јас сум една од двете ординации на кинески доктори во Белград, зборел симпатичниот доктор Чен.
Докторот бил горд што Србија е земја со која Кина соработува.
Ново на Сител
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман