Доктор од гостиварската болница издавал лажни ПЦР тестови
Лекар од Гостивар изготвил и наплатил два лажни ПЦР тестови доби кривична пријава и е лишен од слобода.
Од СВР Тетово информираа дека претпладнево Одделение за внатрешни работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М.(45) од гостиварско Чегране. За него полицијата има основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Е. М. се сомничи дека на 7 и 9 овој месец, како лекар во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ на две лица им изготвил лажни негативни „ПЦР-тестови“. За тоа им наплатил 3.000, односно 1.500 денари или вкупно 4500 денари. Потврдите за негативен ПЦР тест им биле потребни за патување во странство, наведуваат од СВР Тетово.
Лекарот вчера бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар. Тој денес со кривичната пријава ќе биде изведен пред Јавен обвинител.
Ново на Сител
-
29 годишник од Тетово на социјалните мрежи објавувал слики од малолетничка со вулгарен текст
-
Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост
-
Кривична пријава против поранешен градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, куќен притвор за осомничениот
-
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија
-
Уапсени две лица кои сакале да крадат од зградата во Чаир која гореше вчера
-
Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија
-
ЕК бара информации од Јутјуб, Снепчет и ТикТок за начинот на препорачување содржини на корисниците