Македонија
22. March 2024 - 9:45

Доктор избоден до смрт во скопска Железара

Едно лице е убиено со повеќе убоди од нож во инцидент кој вчера доцна вечерта се случил пред поликлиниката во Железара, дознава Скопје Инфо.

Според првичните информации, станува збор за матичен доктор на кој се уште непознат сторител му нанел 9 убоди со нож од кои тој починал.

Телото го пронашол неговиот син кој веднаш повикал полиција.