Македонија
15. April 2017 - 11:58

Дојран полн со туристи за велигденскиот викенд

Сметувачките капацитети во приватниот и комерцијалниот сектор за време на велигденскиот викенд во Дојран се целосно пополнети, потврдија од Туристичкото биро.

Според туристичките работници на дојранското крајбрежје има повеќе од 10.000 туристи, поголемиот дел од нашата земја. Има туристи и од странство, во помал дел од Србија и особено еднодневни туристи од Грција.

Дојран подготвено ги прими сите туристи за велигденскиот викенд, а рестораните и кафулињата исто така се погрижија на гостите да им организираат разни забави и журки на плажа во вечерните часови.

Од Туристичкото биро потврдија дека уште од сега дојранските сместувачки капацитети се распродадени и за претстојниот првомајски викенд.