-->
-->
„Дојче веле“: Се повеќе странци заинтересирани за недвижен имот во Албанија
-->
Албанија всушност е непозната земја за поголемиот број Европејци. Во последно време се повеќе странци се интересираат за купување на недвижен имот во Албанија, јави „Дојче веле“.
Ниските цени привлекуваат се повеќе купувачи. Цените на вилите се движат од 30.000 до 60.000 евра. Со сегашните ниски камати во Европа за голем број Европејци тоа е добра инвестиција.
Радиото наведува дека покрај Норвежаните, за купување на недвижен имот во Албанија се заинтересирани и Швеѓани, Данци, Французи и Полјаци. Од минатата година и голем број Украинци се заинтересирани за купување недвижности во Албанија.
Последните денови, по Брегзит за 15 проценти е зголемен интересот за купување на недвижен имот во Албанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лишен од слобода возач во Демир Хисар со 1.58 промили алкохол во крвта
-
Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони вода врз пожарот во Дојран
-
Можно евакуирање на населението во реонот на пожарот во Визбегово
-
Латинопули: „Јас сум вистинска Македонка, а не лажна како тие во Скопје!“
-
Словенечката пратеничка Ирена Јовева во ЕП до бугарските колеги: За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола!
-
Вчера пронајдени 24 мигранти, уапсени двајца криумчари од Сирија
-
При претрес во Радовиш пронајдена дрога
-
Италија и Германија наводно се заканиле со повлекување од „Евросонг“, ако Израел биде исфрлен од натпреварот