Дојче веле: Германците гледаат две Ангели Меркел
Со голем углед во светот, но често неодлучна. Добра канцеларка, но нејзиното време измина, наведува Дојче Веле во прилогот за Ангела Меркел која се бори да остане на власт во уште еден мандат.
Повеќе од две третини од Германците сметаат дека времето на канцеларката Ангела Меркел изминало, но истовремено, речиси ист број луѓе веруваат дека таа е добра канцеларка. Дојче Веле потенцира дека таа и натаму ужива голема доверба кај граѓаните, но и дека се поголем број од нив се збунети кога станува збор за нејзината политика за бегалците и начинот на кој ја води земјата.
Секој петти Германец смета дека смиреноста и опуштеноста на Меркел е нејзината посила страна, но истовремено ист толкав број Германци верува дека најголема маана е нејзината неодлучност.
Секој десетти Германец го цени нејзиниот углед во светот, додека 23 проценти ја критикуваат нејзината сколоност да чека проблемите да се решат сами од себе.
Германците всушност во една личност гледаат две канцеларки, се наведува во прилогот на Дојче веле.
Нешто повеќе од половина испитаници очекуваат дека актуелната канцеларка ќе се повлече од таа функција пред истекот на мандатот во 2021 година, но доколку го доврши мандатот, по бројот на години на власт ќе се изедначи со нејзиниот политички ментор Хелмут Кол, кој на таа позиција беше 16 години.
Ново на Сител
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец
-
Се тепале две семејства во Штип, кривична заработија 21 лице
-
Нападнат ученик во училиштен двор
-
Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити јадат домашни миленичиња