Loading Video...
Балкан
17. May 2023 - 12:29

Дојави за бомби во 115 училишта во Белград

Дојави за поставени бомби утрово во 115 основни и средни училишта на територијата на Белград. Надлежните власти во Србија информираа дека се преземаат сите мерки за проверка. 

„На електронските адреси на 78 основни и 37 средни училишта во белградските општини денес пристигнале дојави за поставени експлозивни направи. Екипи на српското МВР се на терен а учениците и вработените се евакуирани за да се обезбеди безбедност на учениците и вработените. Наставата во прва смена е прекината до завршување на полициската проверка“, информираа од Министерството за образование на Србија.

Во меѓувреме во дел од училиштата биле направени проверки и откако било утврдено дека се работи за лажни дојави продолжила наставата.

Дојави за поставени експлозивни направи во училиштата се случуваат по точно 2 недели од крвавиот настан во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград во кој беа убиени 10 лица од кои 9 ученици и чувар во училиштето.