Договор за избрана мерка за вработување во Скопје
Во Центарот за вработување на град Скопје денеска ќе биде потпишан договор за избрана мерка за вработување во Скопје која ќе се спроведува во рамки на твининг проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на Агенцијата за вработување за спроведување на активни мерки на пазарот на трудот и услуги“.
Твининг проектот го финансира развојот и спроведувањето на активни мерки на пазарот на труд во четири региони во земјата – Битола, Куманово, Тетово и Скопје; секоја мерка добива финансиска поддршка во износ до 10 000 евра.
- Општата цел кон која ќе придонесе избраната мерка во Скопје е намалување на невработеноста, особено кај невработените жени. Специфичната цел е зајакнување на вработливоста на учесниците во пилот-мерката, како и зголемување на мотивираноста за претприемништво и/или самовработување. Проектот ќе даде особен придонес кон комбинирање на македонскиот дизајн, занаетчиското знаење и претприемништвото, со што ќе може да бидат создадени нови работни места, соопшти Агенцијата за вработување на РМ.
Оперативни цели се: Изведување програма за обука за плетење и везење, особено за долгорочно невработени жени; Овозможување активности на обука и советување во поглед на дизајнирање елементи, претприемништво и самовработување и создавање на нови работни места; Зајакнување на вработливоста на обучените лица. Обуките ќе се изведуваат во текот на три месеци.
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари