Свет
7. July 2017 - 21:28

Договор меѓу САД и Русија за прекин на огнот во југоисточна Сирија

САД и Русија постигнаа договор за прекин на огнот во југоисточна Сирија, јавија американски медиуми повикувајќи се на анонимни претставници на американските власти. 

Прекинот на огнот според нив би требало да стапи во сила на 9 јули на пладне по локално време во Дамаск. 

Информацијата за прекинот на огнот се појави додека траеше состанокот на претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин на маргините на самитот на Г-20 во Хамбург. 

Портпарол на Стејт департментот  кој присуствува на самитот, одби да ги коментира тие тврдења.