Договор меѓу Македонија и Грција за заштита на разменетите класифицирани информации
Владите на Македонија и Грција потпишаа Договор за заемна заштита на разменетите класифицирани информации. Во име на двете влади, Договорот во Скопје го потпишаа директорите на надлежните национални безбедносни органи за заштита на класифицирани информации – Стојан Славески и генерал мајор Ангелос Худелудис.
Како што соопшти Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, за време на средбата е разговарано за постојните билатерални релации меѓу двете земји и за новите можности за уште поголема соработка во области што вклучуваат размена на класифицирани информации.
-Воедно, беа потврдени заемните заложби за интензивирање на блиската соработка и реафирмација на процесот на градење доверба меѓу двете земји како пример за добрососедски односи во регионот, се наведува во соопштението на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом