Додик: Република Српска ќе прогласи независност доколку Шмит го наметне законот за имот
Претседателот на Република Српска Милорад Додик, денеска најави дека РС ќе прогласи независност, доколку високиот меѓународен претставник во БиХ, Кристијан Шмит, го наметне законот за имот.
„Ќе одиме во Народното собрание на Република Српска и ќе донесеме одлука за независноста на Република Српска“, изјави Додик во Прњавор.
Изјавата е одговор на новинарско прашање да ги коментира информациите дека Шмит подготвува закон за имот и како ќе реагира Република Српска во случај да се наметне таков закон.
Додик претходно изјави дека смета оти прашањето за имотот е решено со Дејтонскиот договор и дека недвижен имот им припаѓа на субјектите, а не на државата Босна и Херцеговина и ја отфрли можноста Парламентот на Босна и Херцеговина да донесе закон за државна сопственост.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење