Доделени првите сертификати од програмата за стручно усовршување за разузнавање и анализа
Во Агенцијата за разузнавање денеска се одржа свечено доделување на сертификатите од првата универзитетска програма за стручно и професионално усовршување за разузнавање и анализа, а воедно и прв курс од ваков тип на Факултетот за безбедност – Скопје и Агенцијата за разузнавање.
На завршувањето на оваа прва универзитетска обука се обратија директорот на Агенцијата за разузнавање Зоран Иванов, деканот на Факултетот за безбедност – Скопје Никола Дујовски и продеканот за наука и развој на Факултетот за безбедност – Скопје Марјан Ѓуровски.
Според Ѓуровски, универзитетскиот курс се одржува во периодот кога се спроведуваат длабоки реформи на безбедносната и разузнавачката заедница и преку овој заеднички проект се придонесува кон департизација на разузнавачката заедница.
– Стратешка цел кон која заеднички се стреми е континуирана едукација на вработените во Агенцијата за разузнавање, како и останатите безбедносни разузнавачки и контраразузнавачки институции, истакнал Ѓуровски.
Директорот на Агенцијата за разузнавање Иванов нагласил дека преку овој проектот се помогна во напредното образование и едукација за разузнавање на вработените во Агенцијата. Со курсот, вработените преку предавањата и вежбите можат да ги препознаваат, осознаваат и откриваат новите закани и предизвици кои, како што рече, не опкружува денешната заедница.
Општа задача која се постигна со универзитетската програма на Факултетот за безбедност-Скопје и Агенцијата за разузнавање, според Дујовски, е што овластени службени лица добија унифицирани знаења од разузнавањето, оперативното окружување и современите трендови со што уште повеќе ќе бидат оспособени успешно да ги поддржуваат задачите и обрските на Агенцијата за разузнавање.
Предавачи на курсот биле професори од Факултетот за безбедност и вработените од Агенцијата за разузнавање и други безбедносни институции. Наставно–образовниот процес се реализира низ предавања, анализи, вежби и практично–применети форми на настава со над 150 часа во изминатите неколку месеци.
Ново на Сител
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри