Доделени наградите за најдобрите цртежи на конкурсот на „Ладна“
Над илјада цртежи пристигнаа на Четвртиот детски ликовен конкурс на „Ладна“ на кој тема беше „Крај вода одмарам и цртам“.
Најдобрите цртежи ги избра стручното жири, а во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје е отворена и изложба на пристигнатите дела што учествуваа на конкурсот.
Оценувањето на годинашниот ликовен конкурс беше поделено во две категории - деца на возраст од 4 до 7 години и деца на возраст од 7 до 10 години. Првото место во двете категории им припадна на петгодишниот Михаил Цветковски од Битола и деветгодишната Катја Календарод Скопје, кои освоија тридневно патување во Дизниленд Париз каде ќе патуваат заедно со нивните семејства.
Второто место и наградата Годишен курс по цртање во СТУДИО БОЈАР ги освоија Ведран Стефаноски и Алексеј Белешков,двајцата од Скопје. Третото место и наградата таблет за цртање освоија Сара Димитровска од Делчево и Давид Стојановскиод Прилеп.
- Цртањето за децата претставува една од најинтересните активности кои не само што ја предизвикуваат детската фантазија туку и ја развиваат моторичката способност и координација на рацете, што пак е во директна поврзаност со развојот на интелигенцијата. Затоа, негувајте ги талентите на вашите деца, поттикнувајте ги да бидат креативни, и ве очекуваме следната година со вредни награди и отворени срца, велат од Ладна.
Изложбата во Мала станица ќе биде отворена до 10 јуни.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп