Доделени награди за најубаво новогодишно украсување во Гази Баба
Општина Гази Баба и оваа година избра најубаво новогодишно декорирани дворови, тераси, училишта и градинки.
Награда за најубаво украсена тераса доби Васил Локордов од населба Автокоманда, за најубаво украсен двор Ивица Павловски од населба Ченто и Наташа Стојановска од населено место Трубарево, а за најубаво украсено основно училиште - ОУ„Кирил и Методиј“ населено место Стајковци.
За најубаво украсен објект признание доби градинката „Детска Радост“ објект „Мимоза“, а за најубаво украсен објект од градинката „25 МАЈ“ e објектот „Детелинка“.
Целта на доделувањето на наградите, како што соопштија денеска од општина Гази Баба, е заеднички да придонесат за посвечен изглед на општина во пресрет на новогодишните и божиќните празници.
Комисија составена од администрацијата ги посетила сите пријавени, од кои биле избрани најубавите и најуспешни декорации.
Наградите ги додели градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник