Доделена хуманитарна помош на 265 социјално загрозени лица
Хуманитарна помош од Саудиска Арабија денеска им беше доделена на 265 лица кои живеат во социјален ризик од Берово, Пехчево и Делчево. Први помошта ја примија 50-ина социјално загрозени лица од Пехчево.
Јаај Оџов од организацијата „Турк Баир“ информираше дека помошта доаѓа од Саудиска Арабија, а со поддршка на НВО „Турк Баир“ и во општините од регионот ќе биде доделена на сите лица кои живеат во социјален ризик.
- Сакаме да им помогнеме на социјално загрозените семејства. Во пакетите има прехранбени производи, вода, ќебиња. Знаеме дека зимата тешко се поминува без доволно финансиски средства, па ова е еден наш придонес и овие луѓе барем за одреден период да имаат полна трпеза, рече Оџов
Градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, присуствуваше на доделувањето на хуманитарната помош. Тој истакна дека освен во Пехчево, 60 вакви пакети ќе бидат доделени и во пехчевското село Црник.
- Помошта на овие луѓе им е неопходна и ние како општина настојуваме да им помогнеме на овие луѓе кои живеат во социјален ризик, додаде Поповски.
Ново на Сител
-
Костовски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш е против функционален судски систем
-
Автомобил заврши во Охридско Езеро | ВИДЕО
-
Со Грција ќе се воспостави електронска размена на царински информации за брз проток на граничните премини
-
Силјановска Давкова: Со Законот за работни односи не може да се регулира пензионирање на судии и јавни обвинители
-
Арачиново: По семејна расправија пукал во „мерцедес“ во кој биле неговите роднини
-
Лавров: Колку повеќе оружје Западот и испраќа на Украина, толку подолго конфликтот ќе трае
-
На македонскиот државајнин кој уби две сестри во Тирана му се заканува казна доживотен затвор
-
Во нереди во затвор во колумбискиот град Тулуа загинале 49 затвореници