"Додека ќе го читате ова, јас нема да бидам со вас": Момче се самоуби скокајќи од карпа висока 60 метри
У.М. (25) од Лозница се самоубил скокајќи од карпа на Гучево. Неговите посмртни останки се пронајдени во средата вечерта по потрагата која траела 24 часа. Несреќното момче било погребано денес.
Како што е утврдено У.М. прво се обидел да се обеси, но јажето се скинало, па својата цел ја остварил така што скокнал од карпа висока 60 метри.
Ден пред самоубиството момчето од Белград пристигнало со автобус до Бања Ковиљача и не заминал дома во Лозница. Од поштата во Баља Ковиљача пратил две писма, едно на родителите, друго на најдобриот пријател од работа. Во писмата, покрај останатото, напишал "додека ова ќе го читате јас нема да бидам со вас". Прецизно навел каде се наоѓа УСБ меморијата на која ќе дознаат зошто донел одлука да се самоубие. На родителите, постарата сестра и на блиските им порачал дека ги сака.
Завршил Математичка гимназија во Белград и Факултет за организациски науки. Бил еден од најдобрите ученици и студенти, а во родниот град ученик на генерација. Во општината Стар град, каде работел како инженер за информатички технологии, важел за паметен вреден и одговорен.
У.М. денеска ќе биде испратен на вечното почивалиште на градските гробишта во Лозница. Засега прашањето зошто се одлучил да се самубие, ќе остане без огдовор.
Ново на Сител
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата