Доцна синоќа ликвидиран шефот на грчката мафија – Го изрешетале со 22 куршуми од калашников
Убиство на познато лице од грчкото подземје ја стави на голема мака полицијата на јужниот сосед, пишуваат локалните медиуми. Доцна синоќа на булевар Атинон во населбата Хајдари во Атина, каде што се наоѓаат канцелариите на компанијата на убиениот, двајца мажи со мотор го пресретнале автомобилот во кој се наоѓал Василис Стефанакос. Во него пукале од калашников, а потоа убијците избегале. Тој е изрешетан со 22 куршуми.
Василис Стефанакос излезе од затвор пред околу 18 месеци, каде одлежал 9 години. Тој ги искористил поволните одредби на законот „Параскевопуло“ за да излезе пред време. Областа по убиство била блокирана, а полициски патроли го истражувале теренот.
Василис Стефанакос не е ново име во грчкото подземје, особено во последните две децении кога се појавија нови лидери од претходните мафијашки војни. Голем број полицајци го сметаат за шеф на третата генерација на грчката мафија.
Тој во декември 2006 година е осуден на 14,5 години затвор за заштита и шверц.
Во 2016 година осудениот за тешки злосторства Василис Стефанакос го претепал во затвор поранешниот грчки министер 77-годишниот Цохазопулос, кој отслужува затворска казна за затајување данок и поткуп при воени испораки. Законот „Параскевопуло“ беше објавен во Службен весник на 27 април 2015 година и до 14 декември 2015 година – според официјалните податоци на владата на Ципрас ослободени се од затвор околу 1 800 лица.
Затворениците беа ослободени врз основа на еден од трите закони кои делуваат во комбинација, и се однесуваат на луѓе со ниски казни (од 3 до 5 години), со висок процент инвалидност, одлежана 3/5 од казната, малолетници или странски државјани.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот