Џет-Сет
29. January 2016 - 10:48

„Добрата сопруга“ најави напуштање на истоимената серија

Гласините дека серијата „Добрата сопруга“ е при крај, секојдевно добиваат нови потврди.

Минатата недела беше објавено дека серијата ја напуштаат нејзините творците Роберт и Мишел Кинг, а сега и главната актерка во „Добрата сопруга“, Џулијана Маргулис најави дека наскоро „ќе бара нова работа“.

На доделувањето на наградата „Артоа Авордс“, Џулијана одржа говор во чест на Кингови и се пошегува во врска со напуштањето на серијата.

- Кингови мислат дека сум тука поради нив. Но, без работа ќе бидам од почетокот на април. па мислев дека вие (продуцентите) долго време не сте ме виделе во живо и решив да дојдам, рече убавата актерка.

Во момнетов се прикажува седмата сезона од оваа успешна серија, но американските медиуми тврдат дека заминувањето на Кингови и Маргулис нема да значи и крај на „Добрата сопруга“

Серија досега успеа да „преживее“ две ненадејни заминувања на едни од главните ликови и тоа благодарение на успешна компликација и воведување на нови ликови, па според најавите ни сега не се планира нејзино прекинување. 

Како што објави TV.com, Си-Би-Ес е заинтересиран за уште една, осма сезона од серијата, иако засега не е познато како „Добрата сопруга“ ќе продолжи беа самата „добра сопруга“.