Балкан
27. July 2020 - 17:43

До смрт избоден мигрант во кампот Мориа на грчкиот остров Лезбос

Грчката полиција уапсила едно лице и идентификувала друго, кои заедно со трето, засега непознато лице стојат зад убиството на 21-годишно момче во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос.

Според локалните медиуми од островот, инцидентот се случил во текот на ноќта, кога тројцата, од кои двајца на 18 и 19-годишна возраст до смрт го избоделе 21-годишниот.

Прричините за убиството засега се непознати, а според истите информации и сторителите и убиениот се од Авганистан.