До смрт го претепал 15-месечниот син
Судењето на Курти Кертис (27), кој е обвинет за убиството на неговиот син Д. М. (Стар само 15 месеци) во јуни 2015 година, се очекува да започне денес во Белград. Судењето, сепак, е затворено за јавноста ...
Злочинот се случил во семејната куќа во Земун.
Според зборовите на мајката Горјана М. тоа попладне излегла до продавница и го оставила детето со Курти, па кога се вратила го нашла детето претепано на подот.
Детето е пренесено во болница каде што починало по пет дена.
Тоа немало шанси да преживее поради големите повреди кои ги имало.
Очувот толку многу го тепал што на бебето му биле оштетени црниот дроб и слезината, му бил скршен черепот и слепоочницата.
Курти се правдал дека пред настанот тој пиел лекови за депресија и дека не бил при себе кога го извршил делото.
Тој изјавил дека се кае.
Ново на Сител
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец
-
Преглед на вестите од светот
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?