Македонија
19. October 2022 - 12:01

До сабота постудено, од недела топло и до 27 степени

До сабота дневната температура ќе биде пониска за неколку степени, а од недела повторно ќе биде во пораст. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.

УХМР информира дека утре и задутре минималните утрински температури ќе се спуштат до -3, а дневната ќе биде до 22 степена.

Од недела до вторник минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 11, а максималната дневна ќе достигне до 27 степени.