До почетокот на летото Калето во Скопје би требало да биде отворено за посетители, најави Љутков
Скопското Кале до почетокот на летото би требало да биде официјално отворено за посетители, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
- Вчера го имав првиот состанок со Советот за културно наследство, со кој го видовме и извештајот кој што беше направен од работната група формирана од Управата за заштита на културното наследство и во наредниот период ќе преземеме конкретни чекори бидејќи имаме буџет во 2025 година за таа намена. Се надеваме дека до почеток на летото веќе ќе можеме да го отвориме Калето официјално за посетители. Освен Калето и содржините што ги имаме внатре, во Калето, а тоа се музеите, рече министерот Љутков на новинарско прашање по промоцијата на софтвер за водење на заштитните евиденции и Националниот регистар на културното наследство.
Во однос на истражувањето на археолошкиот локалитет во струшко, тој кажа дека ископувањето е завршено и затворено. Конзервација на пронајдените предмети прави Заводот и Музеј од Охрид и тие предмети ќе бидат изложени таму.
- Тој проект е капитална инвестиција за Македонија и се надевам дека ќе продолжи проектот од 25-та година натаму, вели Љутков.
На локалитет во селото Корошишта во струшко, откриени се стотина артефакти од непроценливо значење. Станува збор за монументална гробница, односно два гроба на маж и жена за кои се претпоставува дека потекнуваат од елитата, со оглед на богатите подароци пронајдени во гробот.
Ново на Сител
-
Жители на Сингелиќ и Арачиново на протест пред ЕВН
-
Исплатени 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит за 47 компании
-
Опозицијата најавува закон за минимална плата
-
СДСМ обвинува за матни тендери во општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ
-
Смртен случај на Пулмологија кој имал и грип – февруари со најмногу заболени во изминатите 15 години
-
Невладините го вклучија алармот: Надлежните мора да го одржуваат зеленилото во градот
-
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет
-
Нови инциденти во Белград и Атина