-->
-->
До петок температурите во благ пораст, викенд опаѓање
-->
До крајот на денов, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.
Следува период на сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаби локални врнежи. Во следните два дена дневната температура ќе биде во благ пораст, а потоа за време на викендот во опаѓање.
До недела најниската температура ќе биде минус 9, а највисоката 13 степени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не се користи и скапува во подруми утврди ДЗР
-
Засега ќе нема нови мерки за цените – хигиенските производи во дел од маркетите поскапеа за над 50%
-
Отворена новата градинка „ Пролет“ во општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз